Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Време е за одговорност и глас за Европа, заедно да ја обезбедиме европската иднина

Време е за одговорност и глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на државата. Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, за што имаме силна поддршка и од нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави. Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Од СДСМ потенцираат дека „во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура“.

СДСМ разговара со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата. Имаме историска шанса која треба да се искористи, Македонија да оди напред кон исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ, велат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК