Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачки: По промената на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе изнајде начин и решение за обештетување на бранителите од 2001 година

„Иако се поминати 22 години од случувањата во 2001 година се уште имаме едно 17 семејства на загинати бранители кој не се обештетени и има некаде околу 30-тина воени инвалиди кои исто така не се обештетени и ние предложивме измени и дополни на законот“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во телевизиско гостување.

Тој посочи дека власта го одбила нивниот предложен закон и не сакала да разговара воопшто на таа проблематика.

„Не е коректно ова што им се случува на семејствата државата мора да изнајде начин како тоа да го реши со обештетувањето на бранителите затоа што тие луѓе поминале во војна не затоа што сакале, туку затоа што државата ги пратила“, истакна Ковачки.

Ковачки посочи дека тука очигледно СДСМ е уценета од ДУИ.

Тој додаде дека во периодот кои претстои по промената на власта ние ќе изнајдеме начин и решение ќе има.

„Мораме да изнајдеме начин како тие луѓе да ги обештетиме и ќе ги обештетиме. Ние навистина сакаме да ги обештетиме тие луѓе и нема на тоа да тераме политика. Тоа кога тоа ќе го направиме нема да правиме политиканство на тоа“, дециден е Ковачки.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе