Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Спироски: Најголемата предност од договорот со „Бехтел-Енка“ е што се знае дека изведувачот ќе си ја заврши работата и го има знаењето

Сметам дека договорот со „Бехтел-Енка“ треба да се реализира и ќе се реализира, вели првиот човек на „ИРД инженеринг“, Дарко Спироски, а тоа е фирмата која ќе го врши надзорот врз градењето на автопатските делници од коридорите 8 и 10д.

– Тоа е за општо добро, треба да се заврши изградбата на европските коридори кои се низ Македонија. Со изградбата на овие автопати единствена делница која ќе остане неизградена ќе биде Битола – Меџитлија, односно до границата со Грција и има распишано тендер за Кичево – Букојчани, и верувам дека таа ќе се изгради. Така што, го заокружуваме тоа што го викаат крстот автопати, север – југ и исток – запад, вели Спироски во интервју за „Независен“.

Тој додава дека најголем ризик за еден инвеститор кога ќе распише тендер кај нас кога се оди со стандардната постапка, е каков изведувач ќе добие.

– Се случуваше и кај нас во Македонија да има изведувачи кои даваат ниски цени, а потоа по тие ниски цени не можат да го завршат договорот. И се раскинува договорот, се оди на арбитража, три-четири години стои патот. Во овој случај, кога се склучува директно договор со фирма, најголема предност е што добивате изведувач за кој знаете дека ќе ја заврши работата, кој е финансиски способен, кој има ноу хау, кој го има знаењето, истакнува Спироски.

Тој во случајов појаснува дека „Бехтел-Енка“ се и контрактор и проектант.

-Кај нас во Македонија имаше изведувачи кои даваа ниски цени за да ја добијат работата, но потоа тешко им е да го реализираат договорот, затоа што со ниските цени кои што ги дал не остваруваат добивка или профит. Тоа е во фазата на тендерирање. Во фазата на подготовка на документацијата, често проектната документација, значи основниот проект не е доволно разработен за изведувачот да може да влезе да работи. На пример, во англиската терминологија изведувач се вика контрактор, кој буквално значи спроведувач на договорот. Тој го има договорот, се му е напишано во него и тој само го спроведува, дополни Спироски.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе