Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија два велосипедисти од Битола и Богданци на “Партизанска” во Скопје, има повредени

На 17.05.2023 вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од П.В.(32) од Битола и К.П.И.(39) од Богданци.

По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК