Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски на ЦО: Од САД добивме силна поддршка за европскиот пат на земјата

Средбите кои ги имав во САД со високите државни претставници, со Државниот Секретар Блинкен и г. Ескобар беа многу успешни и плодни, од САД добивме силна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќање на седницата на Централниот одбор на партијата што се одржа вечерва.

„Од САД добивме недвосмислена и силна поддршка за европскиот пат на Македонија. Тоа е наш национален интерес поставен уште од независноста, но во актуелниот момент тоа значи трајно обезбедување европска и регионална стабилност. Како што имавме и за НАТО.

САД се покрај нас од самиот почеток и таа помош не доаѓаше само декларативно туку беше целосна помош, многу финансии, многу средства ивестирани во реформи во многу области во земјата, од судски реформи, безбедносни реформи, во економијата, полицијата итн.

Се до денеска кога гледаме еден вид промовирање на Македонија како своевиден пример на земја која што може да послужи за другите земји во регионот. Што ние и го докажавме.

Генерално, и ние и САД сметавме дека многу важно што нашата држава е првата земја од Западниот Балкан што го започна Стратешкиот дијалог со САД. Ова е одредница во нашите билатерални односи и одличен чекор напред за иднината на оваа земја.

На сите средби и преку сите состаноци добивме голема поддршка и пофалба затоа што сме докажан сојузник и партнер и ја потврдивме силната и непрекината поддршка од САД, особено од страна на Конгресот, за Евроатлантската интеграција на Северна Македонија, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.“ рече претседателот Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе