Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Јавна расправа за Предлог законот за помилување

Министерството за правда организираше јавна расправа за Предлог законот за помилување .Едно од клучните прашања кое беше предмет на широка дискусија беше прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

Имајќи ја предвид практиката од досегашната примена на законот и особено случаите поврзани со помилувањето од кривично гонење, работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Ова решение беше целосно поддржано и од работната група која работи на новиот Кривичен законик.

Значајна новина се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Предвидени се кратки рокови за постапување за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Во тој контекст се и одредбите со кои се пропишува прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите.

На законот кој беше предмет на денешнава јавна расправа се работеше подолг временски период. Беа разгледани повеќе компаративни искуства а најголем дел од решенијата се содржани во оние држави со кои имаме слични правни системи.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе