9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Резултати што прават разлика, со ВМРО-ДПМНЕ поголеми сметки, СДСМ го намали ДДВ за парно од 18% на 5%

СДСМ изминатите години има резултати, коишто вистински и реално прават разлика, соопшти владејачката партија.

„Во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и нивниот стандард. Успешно заврши грејната сезона, иако на почетокот, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се закануваше опасност граѓаните да останат без парно.

СДСМ го реши проблемот со парното греење. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаа поголеми сметки, а СДСМ го намали данокот на додадена вредност за парното греење од 18 на 5 проценти“ се вели во партиското соопштение.

Народните пари во време на ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат, се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби, а денес парите завршуваат назад кај граѓаните, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.