Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ Благој Бочварски денеска беше меѓу граѓаните на Гостивар, каде меѓу другото зборуваше и за важноста на коридорот 8 од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на оваа општина.
– Со изградбата на коридорот ќе се прошири автопатот Тетово – Гостивар, но ќе изградиме и нов автопат Гостивар – Букојчани кој треба да се поврзе со автопатот Кичево – Охрид, со значително ќе се скрати времето на патување до Охрид, но и до соседна Албанија. Тоа е важно за граѓаните, за туризмот, за целокупната македонска економија. ЕУ овој коридор веќе го стави на мапата на важни европски коридори, што е уште една потврда дека реализираме стратешки национален но и регионален проект, посочи Бочварски додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за овој капитален проект.
Во Битола беше Славица Кутиров која пред граѓаните порача дека со изградбата на автопатот Прилеп – Битола, овој град ќе биде подобро поврзан со централниот дел од државата што значително ќе го олесни секојдневното функционирање на граѓаните и компаниите од овој дел од државата.