Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вработените во УЈП на протест побараа покачување на платите за 30 отсто

Вработените на Управата за јавни приходи во Скопје, Тетово и во другите регионалните канцеларии излегоа на предупредувачки протест со барање за покачување на платите за 30 проценти.

Агрон Емини од синдикалната организација на УЈП, Регионална дирекција – Тетово, рече дека поднеле барање за покачување на платите, но сега сакаат незадоволството да го изразат на протест, односно со прекин на своите работни обврски.

„Протестот е организиран на ниво на цела Македонија, над 1.090 вработени има и повеќе од половина сме членови на синдикатот и затоа раководството на нашиот синдикатот одлучи да има протест. Лани пред да се планира буџетот имавме доставено и барање до министерот за финансии и до работодавецот за покачување на платите за 30 отсто и тоа барање е базирано врз основа на податоци статистички за покачување на потрошувачката кошничка и други параметри, кои се основ синдикатот ова да го бара, а сето ова исто така го предвидува и колективниот договор“, рече Емини.

Вработените велат дека се надеваат на позитивен исход, а во спротивно најавија дека ќе преземат порадикални чекори.

Можеби ќе ве интересира

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Катар

ДЕСК

Прво се заканил дека ќе му ја запали викендицата, потоа се обидел да подметне пожар – Истрага за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица

ДЕСК