Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Повозрасниот демиркапиец го пријавувал помладиот за тропање во зградата во која се случи убиството

Повозрасниот демиркапиец претходно го пријавувал својот млад сосед за тропање од горе, велат од МВР по убиството и самоубиството во Демир Капија.

„Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот со поплака за тропање“, велат од МВР.

Двајцата имале нарушени меѓусоседски односи, но во минатото немало големи инциденти или тепачки. По пријавата, помладиот сосед бил повикан во полицијата и предупреден.

Претходно, МВР потврди дека демиркапијците се на возраст од 72 и 34 години, а двајцата биле пронајдени со прострелни рани.

„Денеска, во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во своите домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопштија од МВР.

Според првичните информации, повозрасниот демиркапиец, по претходна расправија, пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци врши увид во зградата.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +