Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Култура

Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата Роња

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две значајни награди на годинешново издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија. Најновата претстава на скопскиот театар во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран При за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава.

„Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време архаична и модерна, а ги поседува сите компоненти кои ја прават врвна“, ја аргументираше својата едногласна одлука жирито на Игрите при прогласувањето на претставата за најдобра на годинешниот фестивал.
Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“.

Овие високи признанија се освоени во конкуренција на 12 претстави од 10 држави, меѓу кои, покрај земјите од регионот, и од Германија, Шпанија, Израел и Унгарија.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при… Повеќе