Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Полицајци примиле поткуп, МВР им затропа на врата

Поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници за „примање поткуп“ и „несовесно работење во службата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-В став 1 и двете од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот на 13.05.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Северна Македонија.

По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен Јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе