Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Пустец бираат градоначалник

Во општина Пустец, како и во останатите 60 општини во Албанија, денеска граѓаните избираат нова локална власт.

Во трка за Пустец се двајца, додека за 15-те места во општинскиот совет 97 кандидати, сите Македонци, предложени од повеќе политички партии.

Довербата за градоначалник на општината по вторпат ја бара актуелниот градоначалник, Пали Андон Колефски кој на локалните избори што се одржаа во јуни 2019 година освои 1.505 гласови или 66,84 отсто од вкупниот број гласачи. Тој доаѓа од владејачката Социјалистичка партија.

Негов ривал е Панди Јани од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која ја предводи опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“.

Во избирачкиот список во Пустец запишани се 4.364 лица со право на глас.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК