Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велешанец им понудил поткуп на полицајците, па го уапсиле

Приведен е 24-годишен велешанец поради давање поткуп.

– При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК