Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Упаднале со багер за да прават паркинг на диво, полицијата ги уапси

Две лица вчера со багер ја урнале оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје и во дворот почнале да градат паркинг. Со багерот врз тревата почнато е со нанесување на тампон подлога.

Од МВР велат дека вчера на подрајчето Бит Пазар од полициски службеници се приведени Н. К. (44) и Ш. Д. (42), поради сомнение дека сториле кривични дела „Узурпација“ и „Бесправно градење“.

„Според пријавеното, во 19.45 часот во близина на поликлиниката Бит Пазар тие тргнале дел од оградата на здравствената установа со намера да го узурпираат просторот и да изградат паркинг, за што немале добиено дозвола од Општина Чаир. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК