17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи:Никогаш не сум се чувствувал подобро кога од Софија порачав нема да ви дозволиме дома да не навредувате и провоцирате

Главни аргументи на Бугарите дека трпат дискриминација во Северна Македонија се изјавите на нашата опозиција. Со тие изјави тие водат кампањи за дискриминација и пред Совет на Европа, и пред другите меѓународни институции вели министерот Бујар Османи во интервју за Сител. Според него уставните измени, односно впишувањет на Бугарите во Уставо, може да бидат во корист само на нашата држава бидејќи на тој начин ќе им се одземе главниот аргумент дека од страна на Северна Македонија се дискриминирани.
Во јавноста се создава претстава како бугарските радикали, да се во договор со нашите радикали и со изјавите се надополуваат смета министерот.

„Најдобар аргумент за бугарските радикали дека ние не ги почитуваме правата на Бугарите овде е противењето на опозицијата да се внесат во Уставот. Да не шпекулирам, се сомневам дека има некаков договор помеѓу нашите радикали и нивните радикали за да се хранат меѓу себе. Целата кампања на Бугарите, во ЕУ во Совет на Европа, низ меѓународните тела, е дека во Северна Македонија се одвива масовна државна дискриминација кон Бугарите. Тие се повикуваат на изјавите на нашата опозиција, на нивните ставови. Верувајте се сомневам дека со во некаков договор и се хранат едни со други. Ако ние ги внесеме Бугарите во Уставот ние им го одземаме целосниот аргумент дека ние имаме некаков дискриминаторен став кон која било заедница. А како ќе не загрози тоа нас? Како ќе не загрози ако Бугарите ги прикажеме како едно малцинство кое што е сосема различно од македонското мнозинство во државата?! Па зарем не е тоа за цело време наша позиција“-рече министерот.

Покажавме дека во Северна Македонија не е добредојден секој оној кој ќе го навредува македонскиот народи и македонскиот јазик. Ова го иницираше министерот Бујар Османи, во јануари во Софија. Месецов во нашата држава не им беше дозволен влез на група бугарски државјани кои според нашите безбедносни служби биле ризик за јавниот мир и безбедност и затоа биле вратени од граница.

„Јас и во Софија прв кажав дека секој кој што ќе го негира, ќе го навреди македонски народ, македонскиот јазик, нема да му биде дозволено влез во Република Северна Македонија. Тоа што акутно провоцира ќе биде дадена порака дека нема да ви дозволиме дома да ни дојдете и да не навредите и да не провоцирате.Никогаш не сум се чувствувал подобро од таа изјава во Софија, бидејќи сметав дека тоа треба да го направиме, дека граѓаните не смеат да бидат предмет на создаден немир поради тоа што некој политичар од надвор сака да добие политички поени“- истака министерот во интервју за Сител.

Спонзорирано: