Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Герасимовски: Го решаваме проблемот на граѓаните со расчистување на просторот кај Технометал

Проблемот и стравот на граѓаните околу Технометал – Вардар станува минато. Сопственикот започна со самостојно расчистување на теренот откако Општина Центар му изрече решение за расчистување и редовно одржување.

“Технометал – Вардар беше честа мета на крадци кои го кршеа инвентарот и корнеа материјали од ентериерот и екстериерот. Бетонската зграда беше и мала депонија поради енормните количини ѓубре. Општина Центар поради опасност од еколошка катастрофа и нови пожари на локацијата неколкупати го казни сопственикот и во фебруари месец му изрече Решенија за расчистување на просторот. Со овој потег конечно се решава проблемот на граѓаните и околни жители кои години наназад живееја во страв и еколошки штетна околина”, смета Герасимовски.

Тој најави дека Општина Центар преку Секторот за инспекциски работи и во наредниот период ќе продолжи со инспекциски контроли преку инспекцијата за животна средина со цел да не се повтори грдата слика и нарушувањето на мирот на станарите.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија – Посилни партнерства за нови можности за Скопје

ДЕСК

„ПАЈАКОТ“ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ВО СКОПЈЕ – За една недела отстранети 143 непрописно паркирани возила во Центар

ДЕСК

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ СО ПОДДРШКА ДО 1,53 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – Во Берово денеска се одржува информативна средба

ДЕСК