Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Седум лица повредени во тешка сообраќајка кај Штип

Седум лица од Свети Николе и Штип се здобиле со повреди во сообраќајкната несреќа што се случи синоќа на патот Штип-Велес, кај наслебата Три Чешми.

Од МВР информираа дека во несреќата учествувале автомобил „фиат“со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и „форд“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.З.(63) од Штип.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.Ј.(39), Д.С.(37) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип“, објави МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК