Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Подготвени се измени на Правилникот за правата на жените затворенички

Министерството за правда ги подготви измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Со измените предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи погодностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ ‘Идризово’“.
Заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ на прес конференција рече дека во изминатиов период заедно со министерот за правда Кренар Лога го разгледувале претходниот правилник за регулирање во КПУ ‘Идризово’ со кој била направена неправда кон осудените лица од женски пол.

,, По мислењето од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, каде што ни се укажа дека се прави индиректна дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол – со министерот најдовме решение. Во најбрз можен рок, откако текстот ќе биде подготвен од Секретаријатот за законодавство, правилникот ќе биде потпишан и во согласност со него осудените лица од женски пол ќе може да ги користат погодностите кои се за осудените лица машки пол“,потенцира заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе