Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тетовец завршил втора, па прва година средно, а потоа директно се запишал во четврта – кривична за вработен во училиштето

Полицијата поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(61) од Тетово поради несовесно работење во службата.

При контрола од Државниот просветен инспекторат во Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово, биле констатирани неправилности во издавањето на свидетелства за завршена прва и втора година на Ј.А.(45) од Тетово.

Издавањето на свидетелството за завршена втора година е пред датумот на издавање на свидетелството за прва година. Исто така, констатирани биле неправилности и во водењето главна книга за запишување на вонредните ученици за 2001/2002 година, односно направени се корекции во годината на полагање на испити без потпис на директорот и печат на училиштето.

Од увидот во главната книга за учебната 2002/2003 година било утврдено дека на Ј.А. не му било издадено свидетелство за завршена трета година, а се запишал четврта година и полагал три испита од истата година пред да ја заврши третата година, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Гореше автомобил со скопски таблички

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Со сеат удрил во три паркирани возила, во три контијнери, а потоа во кола во движење за на крај да се забие во семафор и друго возило

ДЕСК

Тешка сообраќајка на патот Штип- Кочани, има повредени

ДЕСК