5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На некого не му се допаѓа поврзувањето со Драч и Бургас, засега има монопол само со солунското пристаниште

Проектот за изградба на коридорите е најголем инфраструктурен проект, кој чини 1,3 милијарди евра, каде што ќе имаме 110 км модерен автопат со шест ленти од Тетово до албанска граница и помеѓу Битола и Прилеп, кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“.

-Тоа е автопат којшто се наоѓа односно ќе се гради во региони кој се најмалку развиени во државата, бидејќи ако ги погледнеме регионите во државата тогаш најмногу развиени се кои што се на коридор 10 а најмалку развиени се североисточниот регион каде што исто така градиме експресен пат до Бугарија и нормално во западниот дел каде треба да се прави ова автопатско решение. Второ, ова конечно ќе овозможи изградба и поврзување на Северна Македонија и со пристаништето во Драч и Бургас. Ние досега сме имале пристап само до едно пристаниште каде што одредени компании со децении имаат монопол на тргување во солунското пристаниште. Знам дека на некој тоа нема да му се допаѓа. Трето, овој договор е направен врз основа на закон донесен во Собранието со којшто закон е донесена одлука од страна на пратениците да се склучи директно договор со американско – турскиот конзорциум. Заради тоа што собранието има така одлучено, бидејќи собранието сметало дека се работи за реномирана американска компанија која што е една од најголемите компании за изградба на инфраструктурни проекти не само во соседството, рече Ковачевски.

Тој истакна дека врз основа на анализите кои се направени во тоа време донесен е овој закон, врз основа на тој закон Владата има формирано управувачки комитет којшто комитет има ангажирано соодветно и консултанти и соодветни стручни лица во рамки на институциите кои што имаат изработено договор од над 400 страни.

-Овој договор, има во него клаузули кои што се наведени калкулациите кои што конзорциумот ги одредува своите цени и технологијата на работа која за нив претставува деловна тајна и такви се сите договори ги има потпишано ЈПДП со другите изведувачи кои работат на други делници. Тоа го кажа директорот на ЈПДП и тоа беше најдобриот демант за опозицијата. Второ, договорот јасно содржи дека 51% од ресурсите кои ќе бидат користени во изградбата на овие автопатишта мора да бидат од нашата државата. Тоа значи работници, тоа значи компании, тоа значи логистика. Според договорот 51% кај македонски фирми. 600 милиони, тоа значи дека во наредните 5 години само врз основа на … се тоа што опозицијата го објавила е врз основа на нивни манипулации со бројките … Има член во договорот во кој е дефинирано 51% домашни ресурси, кажа Ковачевски.

Спонзорирано: