Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Средба на претседателот Џафери со Пратеничката група за соработка од Австрија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше срдечна средба со делегацијата на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Северна Македонија од Австрија. Претседателот Џафери изрази лично задоволство од средбата при што се заблагодари и за постојаната поддршка на Австрија за Република Северна Македонија. Истакна дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби на парламентарно ниво ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите. Во продолжение, го објасни процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ искажувајќи надеж дека до наесен оваа година ќе се најде потребниот консензус во Собранието за усвојување на уставните измени кои се услов за конкретното отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската унија.

Претседателката на Групата за соработка од Австрија, Штефани Криспер, се заблагодари за приемот и изрази подготвеност од страна на групата за соработка за интензивирање на парламентарните односи помеѓу двете држави. Таа се осврна и на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и истакна дека, покрај уставните измени, во овој процес се многу важни реформите што се спроведуваат во државата со што земјата ќе биде поатрактивна за странските инвестиции. Во дискусијата се вклучија и други пратеници од Групата за соработка на Австрија кои изразија интерес за функционирањето на меѓу партиската соработка во Собранието, особено за процесот на Дијалогот Жан Моне.

На крај на средбата, претседателот Џафери им посака на гостите пријатен престој и плодни разговори на следните средби во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе