Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Лога- Јолевски

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем. Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. Се предлага , Советот да има можност да поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка. Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот.

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК