Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Марфи: Македонија е фактор на стабилност во регионот, ценет партнер и сојузник на САД

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон оствари средба со демократскиот сенатор, Крис Марфи.

Беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, за европските аспирации на Северна Македонија и за состојбите во поширокиот регион, и како истите влијаат на иднината на Западен Балкан.

Премиерот изрази благодарност за доследната политичка поддршка од страна на сенаторот Марфи за процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. На средбата премиерот Ковачевски потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот.

Демократскиот сенатор Марфи истакна дека Северна Македонија е ценет партнер и НАТО сојузник. Воедно, искажа поддршка за ЕУ интеграцијата, затоа што колку повеќе напредува Северна Македонија толку подобар ќе биде регионот.

Дополнително, подвлече дека Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност.

На средбата беше посочено дека САД отсекогаш придавале особено значење и поддршка на трансформацијата на земјите од Западен Балкан како и за нивно членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски посочи дека тоа е голем стимул за земјите од Западен Балкан да не отстапуваат од стремежите за остварување на стратешките цели.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +