Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

376 санкции за сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (09.05.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 376 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 21 возачи за возење без возачка дозвола, а три возила биле со неисправен уред за сопирање…

На вонреден технички преглед биле упатени 58 возила, а кај 10 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч – УХМР најавува затоплување, дожд и силно јужно струење

ДЕСК

КОШТА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Иднината на регионот е во Европската Унија, проширувањето мора да продолжи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Не сме песимисти, постојано предлагаме решенија за надминување на пречките кон ЕУ

ДЕСК