Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

УЖАС: Мајка си ги натепала децата – Центарот за социјални работи ѝ ги одзеде, таа е приведена

Триесет и четиригодишна скопјанка доцна синоќа ги нападнала своите малолетни деца.

Од МВР велат дека насилството се случило во домот во кој престојувале. Децата се згрижени, а мајката приведена.

„На 8 мај, во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б. И. (34). Таа се сомничи дека во домот во кој престојуваат физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б. И. била задржана во полициска станица, а децата биле згрижени од Центарот за социјални работи“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК