17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ученик и ученичка од Скопје правеле листа на ученици и список со закани во два одделни случаи, веднаш се приведени

Денеска (09.05) во полициската станица Центар во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи и неговите родители, извршен е службен разговор со 12-годишен малолетник-ученик од основно училиште на подрачје на Центар, по добиена пријава дека додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така на 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.