2. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Твитер-профилите што не се активни повеќе од една година ќе бидат избришани

Илон Маск објави дека ќе ги отстрани сите профили од „Твитер“ што се неактивни веќе неколку години објаснувајќи дека неговата цел е да ја подобри платформата. Според политиката на „Твитер“, корисниците треба да се најавуваат на својот профил најмалку еднаш месечно за да избегнат трајно отстранување поради продолжената неактивност.

„Ги елиминираме профилите што не се активни со години, па веројатно ќе забележите дека бројот на вашите следбеници се намалува“, предупреди шефот на социјалната мрежа. По купувањето на платформата кон крајот на октомври за 44 милијарди долари, мултимилијардерот најави големи отпуштања и промени.

Аналитичарите велат дека многу корисници ја напуштиле апликацијата, а новата форма за претплата на „Твитер лбу“ е недоволна за да се компензира загубата на приход.

Можеби ќе ве интересира

Apple ги предупредува корисниците: Веднаш ажурирајте ги уредите поради потенцијални хакерски напади

ДЕСК

Десеттиот обид за лансирање на „Старшип“ на Маск е откажан, објавена е причината

C +

OpenAI работи на алтернатива на Neuralink на Маск

C +