Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (09.05.2023) во 02.45 часот на бул.,,Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје. Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче. Во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот.

Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК