Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи по средбата со Блинкен: САД дава силна поддршка во евроинтеграциските процеси на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по денешната средба со државниот секретар Ентони Блинкен, оцени дека односите меѓу САД и Северна Македонија се исклучително силни и значајни за напредокот на земјата.

На средбата се повториле заложбите и посветеноста на двете земји за натамошен развој на билатералните односи и зајакнување на соработката, во рамки на Стратешкиот дијалог. Поддршката која Северна Македонија ја добива од САД за зајакнување на владеењето на правото и демократските институции е од исклучително значање, истакнува Османи.

Османи изразува благодарност до САД и за недвосмислената поддршка во евроинтегративниот процес како важен влог во стабилноста и напредокот на земјава и целокупниот регион, но и пошироко како сојузници во НАТО алијансата.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК