Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката Петровска во работна посета на Грција, средба со грчкиот министер за национална одбрана, Панагиотопулос и посета на Меѓународниот саем за вооружување, DEFEA 23

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денес и утре престојува во работна посета на соседна и сојузничка Грција, каде ќе се сретне со нејзиниот грчки колега, министерот за национална одбрана Николаос Панагиотопулос, а ќе го посети и Меѓународниот саем за одбрана и вооружување, DEFEA 23.

На средбата во Атина министрите Петровска и Панагиотопулос ќе разговараат за безбедносната состојба во Европа и во регионот, за потребата од забрзување на интеграциските процеси, како и за унапредување на билатералната одбранбена соработка.

Министерката Петровска ќе го посети и Меѓународниот саем DEFEA 23, каде е изложена најновата и најсофистицирана воена опрема и вооружување, и тоа од страна на 346 изложувачи од 28 земји. На саемот се очекуваат посетители од 77 земји од светот, вклучувајќи ги и министрите за одбрана на Словачка и на Кипар.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +