Centar.mk
maricic
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ на Денот на Европа: Компромисите се сила, а не слабост – помирувањето е влог во иднината

Дозволете ми на самиот почеток да ве поздравам и со порака за обединување околу вистинските европски вредности, како единствен предуслов за иднината, да ви го честитам Денот на победата на фашизмот и Денот на Европа, рече во своето обраќање вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод одбележувањето на значајните денови.

-Денеска ги славиме храброста, мирот, помирувањето, обединувањето и стабилноста. Славејќи го Денот на победата гордо се сеќаваме на македонската антифашистичка историја и антифашистичката борба, како една од најголемите вредности на Северна Македонија. Гордо се сеќаваме и оддаваме почит на борците кои ги бранеа своите држави и светот од најголемото зло на минатиот век-фашизмот. Нивното дело нè обврзува на останеме на страната на европските и вистински вредности, негувајќи ја слободата, толеранцијата, демократијата и дијалогот. Тоа нè држи во блиски односи со нашите европски партнери и стратешки сојузници, со кои заедно прославуваме и потврдуваме дека европскиот пат на Северна Македонија е најдобриот начин за зачувување на оние вредности кои секогаш нè ставале на страната на правдата и победата. За жал и овогодишниот 9-ти Мај го дочекавме во услови на безбедносна и економска криза, со нужност за солидарност, единство и соработка, како најдобар одговор за зајакнување и заштита на слободата, мирот и напредокот на Европа, кажа Маричиќ.
Тој додаде дека историјата нè потсетува дека европскиот проект е создаден во тешки околности, после пустошот кој го оставила војната во Европа, благодарение на основачите кои биле убедени дека соработката е подобра од конфликтот, дека компромисите се сила, а не слабост и дека помирувањето е влог во иднината.
-Тоа е она што денес, после повеќе од 7 децении ни е и нам потребно. Со лидерство и храброст, да си подадеме рака за теми и прашања кои им значат на граѓаните, како мирот, стабилноста, демократијата, социјалниот и економски развој. Оваа година го одбележуваме Денот на Европа како земја која преговара со ЕУ и имаме добра основа и право да сме мотивирани за да продолжиме понатаму и со надминување на предизвиците, да дадеме шанса 2030 да биде реалност за Северна Македонија. За интеграцијата во ЕУ не зборуваме само ние политичарите или администрацијата – тоа е нешто што македонските граѓани веќе можат да го почувствуваат и видат, преку европските проекти. Досегашните успеси јасно покажуваат дека нашата земја е на вистинскиот пат, на патот на демократските реформи, економската стабилност и европската иднина. Тоа бараат граѓаните, реформи, европски средства и подобар квалитет на живот, а тоа побрзо ќе го постигнеме преку процесот на преговори и членството во ЕУ. Наше е да останеме на овој пат, да ја реализираме идејата на нашите предци и да им ја пренесеме на нашите потомци. Да создаваме, напредуваме, да прифаќаме европски стандарди и да ги живееме европските вредности. Европа припаѓа на регионот и регионот припаѓа на Европа, заклучи вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +