Centar.mk
ЛОКАЛНО

(Фото) „Не косите росну траву“- омилена песна на скопските градоначалници

Јавните површини, паркови, тревници и детски игралишта низ скопските општини се целосно обраснати со висока трева, пишува 24инфо.мк

Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Гази Баба се само дел од општините од каде граѓаните објавуваат неискосени зелени површини.

Пролетните дождови, сонцето, но и очигледното отсуство на општинските служби придонесоа детските катчиња и маалските паркови да бидат претворени во мали џунгли, со голема опасност од појава на змии и други влекачи.

Очигледно, како што коментираат скопјани на социјалните мрежи, рефренот „Не косите росну траву“ од легендарниот пејач Тома Здравковиќ им е омилен на скопските градоначалници.

Фото 24инфо

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +