17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Билатерална средба на Директорот на БЈБ м-р Сашо Тасевски со црногорскиот колега Никола Терзиќ

Денеска во рамки на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржува во Охрид, Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски, оствари средба со својот колега, Директорот на полицијата на Црна Гора, кој воедно ја предводи и црногорската делегација на Конференцијата.

Посакувајќи добредојде на црногорската делегација, директорот Тасевски се заблагодари на колегата Терзиќ за нивното присуство на Конференцијата, како и на Свечената церемонија по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, за што од страна на директорот Терзиќ беше упатена благодарност за поканата, како и честитки за организацијата на високо ниво и за двата настани. Воедно, директорот Терзиќ истакна дека им е укажана голема чест на Црна Гора од страна на Република Северна Македонија, за овозможување на лична средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси.

Од страна на директорот Терзиќ беше потенцирано дека без добри меѓусоседски односи не можат да се остварат стратешките цели.

Заеднички беше изразена благодарноста за досегашната соработка со потврда на ставот дека двете полиции остануваат во добри односи, со уверување дека соработката ќе се продлабочува уште повеќе особено во областа на сузбивање на организираниот криминал, финансиски истраги, како и од областа на јавниот ред и мир.