Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

322 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – 68-годишник приведен по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК

ЧЕТИРИ ПИШТОЛИ И 33 ПАРЧИЊА МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО ЖЕЛИНО – Кривична пријава против 38-годишник

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – КУМАНОВО – Возило удрило во човек кој претходно запрел поради дефект

ДЕСК