Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник во гостиварско, следува соодветна пријава

На 07.05.2023 во 21.40 часот во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Х. од ова село. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот во спортска обложувалница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК