Centar.mk
ЛОКАЛНО

ТАГА ДО НЕБО: Охриѓани и Почесниот конзулат на Р. Србија оддадоа почит кон жртвите за трагичните настани во Србија

Охриѓани и Почесниот конзулат на Р. Србија оддадоа почит кон жртвите во немилите настани во Србија.

Денес во 11 часот се одржа оддавање на почит на загинатите во Србија, во организација од Почесениот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид.

Во овие мигови на огромна тага и болка поради случувањата во Србија во Белград и Младеновац, Почесниот Конзулат на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид, заедно со српската заедница,граѓаните на Охирд и Македонија и сите спонтано туристи што доаѓаат на Централниот Плоштат Св.Климент Охрдиски оддадоа една огромна почит, едно длабоко сочуство до семејствата на настраданите граѓани,а потоа во црквата Св.Богородица Перивлепта ќе се одржи панихида во чест на загинатите за да се помолиме за мир и рај на нивните души. Праќам една силна порака до братска Србија дека не е сама, народот Македонски без разлика на етничка и верска припадност се секогаш заедно со нив како и Српскиот народ заедно со македонскиот во вакви тешки моменти.

Така да сакам да изрезам една силна емпатија,една солидарност,една цврста подадена рака во сите работи и во добро и во лошо, за powerinfo.mk истакнува Почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев.

извор Powerinfo.mk

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК