Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Заев за грчки весник: Преспанскиот договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминатите 20 години

„Со секој изминат ден, граѓаните на Северна Македонија и на Грција имаат нови поволности од Преспанскиот договор и нови причини зошто овој договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминативе 20 години“ изјави експремиерот Зоран Заев за грчкиот весник „Efsyn“.

Тој додаде дека денес двете држави и граѓаните во двете држави градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

„Бизнисите сега соработуваат повеќе, граѓаните на Северна Македонија и Грција комуницираат, се движат повеќе и соработуваат. Скопје и Атина никогаш не биле поблиску“ рече Заев.

Експремиерот додаде дека Преспанскиот договор за Северна Македонија исто така го донесе и членството во НАТО и верува дека нема политичка сила во двете држави што може да ги наруши добри односи кои започнаа по потпишувањето на договорот.

Можеби ќе ве интересира

НОЌНА ДРАМА ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО СКОПЈЕ: Повредени неколку лица, обвинителството отвори постапка против 36-годишник

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК