26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Законите за автопатите на „Бехтел и Енка“ не се реформски процеси и тие не смеат да бидат со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ продолжува на терен во повеќе населени места тука во Гази Баба. Ќе разговараме за сите актуелни проблеми и сите теми кои моментално ја тиштат Македонија, а секако се разбира една од главните теми моментално е темата со автопатите со „Бехтел и Енка“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски при теренската посета на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во населеното место Стајковци во Гази Баба.

„Наместо да идат во Собрание по регулатива како што е по процедура, во комисиите оние кои што се задолжени да се расправаат законите денеска слушнавме една брука. Слушнавме дека сакаат со Европско знаменце и да нема расправа за овие закони бидејќи со Европско знаменце за два дена треба да поминат и тоа е пљачка на векот“, рече Мисајловски

Мисајловски истакна дека сега е моментот и добро е што Европска Унија веднаш кажа дека не е потребно европско знаменце на вакви закони. Тоа не се реформски закони и не смеат да бидат со европско знаменце.

„На сила ако пројдат овие закони тогаш ќе ја видиме најголемата пљачка во историјата на Република Македонија. Затоа сме тука да разговараме со граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе да ги спречат овие закони, но и сакаме да има расправа, јавна дебата и да се покаже договорот, но некој ептен го крие овој договор и ептен ја крие позадината. Со овој последен чин и гест ова е срам за Македонија“, потенцираше Мисајловски.

Тој заклучи дека сега има задача Европската Унија со делегацијата која што е во Македонија да каже не за овие закони, бидејќи најдобро е тие да идат во матичните комисии и таму да се разговара.