20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со пет закони 150 милиони евра помалку и побрза градба на коридорите

Со заокружувањето на коридорите 8 и 10д, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот и ќе го зајакне своето геостратешко значење, што е од суштинско значење за создавање на нови потенцијали за стопанство и отворање на нови и добро платени работни места за нашите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании, македонската економија добива пристап до две нови пристаништа – Драч и Бургас и номинален раст на БДП од два отсто годишно, велат од партијата.

Собранието треба да усвои измени на пет закон, со цел коридорите, како национални и стратешки проекти, да се изградат побрзо и да чинат 150 милиони евра помалку.

ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел, со цел да го блокира овој национален проект. Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години. Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид кој го направи ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ќе ги искористи сите механизми овие законски измени да бидат донесени во соодветна процедура, се вели во соопштемието од СДСМ.

Спонзорирано: