8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Големи промени со времето, температурите значително ќе паднат – Синоптичарите објавија што да очекуваме следната недела!

Утре ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време, попладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Во понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни.

Прогноза за 08.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 19°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне на повеќе места и особено во централните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 09.05.2023
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 10.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.