7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта веќе платила 117 милиони евра аванс, а градежни работи нема ни во најава

Артан Груби и Димитар Ковачевски веќе исплатија 117 милиони евра авнас, а за кратко време таа вредност заедно со пенали ќе достигне скоро 300 милиони евра, а градежни работи на коридорите нема ниту во најава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Два месеци од потпишувањето на Договорот за коридорите 8 и 10д, еден месец од спектакуларното отворање на изградбата, останата е само таблата. Но затоа од буџетот се исплатени 117 милиони евра според делот од договорот наречен contractor establishment payment, што го потпишаа Груби и Ковачевски на штета на буџетот и даночните обврзници во Македонија.

Договорот кој ВМРО-ДПМНЕ го доби од свиркач, а Владата досега не го демантираше, на страница 119 вели: “Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”.

Ниту една од овие ставки не најавува дека почнува градежна активност. Приватна фирма разбирливо е да го максимизира својот профит и своите бенефиции, ама влада е недозволиво е на прифаќа вакви обврски и договори на штета на државата. За ова мора да има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК