Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УХМР издаде предупредување: Следува невреме во Македонија, познато е кога очекуваме стабилизација и сонце

Под влијание на циклонска активност и утре времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Денес и утре се очекува локално да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во петок и сабота ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од недела следува период на нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 05.05.2023
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно, попладне со повремен пороен дожд и појава на грмежи претежно во југоисточните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.05.2023
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.05.2023
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

C +

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК