16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби ако сака да споредува, нека спореди 7 милиони евра километар автопат во Србија, со 3 пати поскап километар во Македонија

Залудни се бајатите споредби на Артан Груби, за изградба на автопати, со тие во Србија и Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„На сите во Македонија е позната восхита на Груби кон Александар Вучиќ и Србија но овој пат, математиките околу споредбата на двата автопати, му се во најмала рака смешни.

За почеток, Србија распиша тендер за автопат и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи.

Немаше промена на закони, кои се спротивни на Уставот, немаше изедначување на легалното со дивоградбите, немаше газење врз сопствените археолошки локалитети и секако немаше пенали од над 100-тици милиони евра! Имаше позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и градење!

Понатаму, за 7 милиони евра километар автопат, Србија доби: Автопат 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници, познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, како и изградба на телекомуникации по самиот автопат, за разлика од автопатот во Македонија, кој чини неверојатни 20 евра по километар, а за кој ништо не се знае, освен тоа што до денеска се исплатени околу 120 милиони пенали, без една даска да биде закована.

Пред ВМРО-ДПМНЕ, како партија која ќе ја формира идната влада има 2 опции.

Првата опција, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!

Втората опција, е да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од криминалната влада на ДУИ, подржана од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ има план, како да ја заштити државата и граѓаните од овој штетен договор“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК