Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од сообраќајка до караница и бегање: Арачиновец се пресметал со полицајци

Вчера во 19.30 часот во близина кај с.Бродец, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од с.Арачиново, скопско.

„Веднаш потоа возачот на возилото „тигуан“ излегол од возилото и агресивно се однесувал кон полициските службеници, по што го напуштил местото“, велат од МВР.

По преземени мерки возилото било запрено на ул.„Радишанска“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК