Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Млад гостиварец со тешки повреди заврши во болница – се судрија „шкода“ и мотоцикл

Вчера, во 22.25 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Горна Бањица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е. М. (20) од с. Горна Бањица, Гостиварско, и патничко возило „шкода фабија“, со гостиварски регистарски ознаки, управувана од Е. Б. (21) од с. Долна Бањица, Гостиварско.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ, НО НЕ ДОВОЛНО: Дали инфлацијата ја „изеде“ мартовската илјадарка која треба да биде исплатена во април?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК