Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Време е за воведување на ред во издавањето на брзи кеш кредити

Според анкетата на ИПИС за потребите на емисијата Детектор, 80,3% од граѓаните велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува но има повисоки камати, додека 10,2% велат дека би земале ваков кредит.

Во анкетата близу две третини од граѓаните или 65,3% велат дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити додека 16,7% сметаат дека за тоа нема потреба.

Изминатиот период многу граѓани се жалат дека се заглавиле до гуша поради високите каматни стапки, казни и пенали откако зеле брз кеш кредит, без да ги прочитаат или сфатат условите.

Во текот на минатата година регистрирани се и десетици случаи како граѓани со туѓа лична карта се обидуваат да подигнат или успешно подигнале ваков кредит.

Дали е време за построга регулација?

Можеби ќе ве интересира

Отворен Саемот на мебел 2026 – „Инспирација за секој ден“ во „Борис Трајковски“

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

ДЕСК