Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео-предување: Следува невреме низ цела Македонија

Во вторник ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде.

Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.

Прогноза за 02.05.2023
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 03.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 04.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +