Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Додека СДСМ реализира стратешки проекти во инфраструктурата, Мицкоски води хајка против Бехтел, а неговите градоначалници ги задолжуваат општините, вели владејачката партија

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски:

Додека СДСМ реализира стратешки проекти во инфраструктурата, Мицкоски води хајка против Бехтел, а неговите градоначалници ги задолжуваат општините

Додека СДСМ по 30 години чекање, ги гради делниците од коридорите 8 и 10Д, Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица секојдневно шири лажни вести.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водат хајка против реномираната американска компанија Бехтел, противејќи се на најголемата инфраструктурна инвестиција вредна 1,3 милијарди евра.

Зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи што конечно ќе се реализира Коридорот 8, зошто им пречи што над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании и на крајот, чиј монопол штитат тие со противењето македонската економија покрај пристаништето во Солун, да добие алтернативи во пристаништата во Драч и Бургас?

И додека јавноста чека одговори, додека хајката од Белата палата не стивнува, градоначалниците на Мицкоски ги уназадуваат и задолжуваат општините.

Зголемени долгови, партиски вработувања и задолжување на граѓаните, раце во мед за тендери и провизии, тоа е се што знаат и умеат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК