На денешната 113 Седница на Собранието на Република Северна Македонија која беше резервирана за пратенички прашања, пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ имаше прашање за пукање на лице Самет Мисими со калашњиков и што МВР превзело околу тоа.
За конкретното прашање за што е направено по прашање на пукањето со калашњиков на лицето Самет Мисими министерот Спасовски информираше дека за конкретно лице и случај има поднесено кривична пријава од страна на МВР веднаш после настанот.
„Преземени се сите криминалистичии и истражни дејствија и претходно е поднесено уште една кривична пријава. Значи има две активни кривични пријави против тоа лице поднесено до Јавното Обвинителство во Скопје.
Министерот Спасовски ги изложи бројките и статистиките за криминалитетот, сообраќајот и количини на запленета дрога кои се подобри од истиот период од минатата година, а минатата година е најбезбедна и една од најдобрите години во сите сегменти на безбедноста, борбата со криминалот од осамостојувањето до денес.
„Во однос на резултатите за спречување на трговијата со дрога имаме одлични резултати. За овие три месеци имаме запленето 1.56кг кокаин, 129 килограми марихуана и 6.5 килограми амфетамин. Дополнително имаме заплена на 1.57 тони марихуана во вредност од околу шест милиони евра од правни лица од кавадаречко и битолско. Оваа марихуана е од лица блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Да се потсетиме и на вашата професорка по германски јазик во училиште во Аеродром, член на избирачкиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром на последните локални избори. Тоа се структурите кои ги поддржувате и за кои се борите. Собраќајните незгоди со загинати се намали за 3.6% проценти од истиот период лани. Вкупното намалување на целопуниот криминалитет за првите четири месеци е 12.26%.“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски во делот на прашањето за назначување на Началник на ЕВР Гази Баба потенцираше дека пратеникот и со тоа и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е информирано бидејќи началник има назначено уште од првиот ден и градоначалникот на Гази Баба кој е од ВМРО-ДПМНЕ тоа го знае.
„За полициската станица во Автокоманда, немате врска дека има нов началник на ЕВР Гази Баба уште од првиот ден а тоа господинот Јовановски, немате поим за местото каде што живеете, а не да кажувате за Македонија“, потенцираше Спасовски депласирајќи ја неиформираноста на Коцевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски на крај потенцираше дека секогаш е спремен со конкретни бројки, статистики и факти да аргументира се што е направено во неговиот мандат и сите реформи кои се направени во МВР за денес тоа да биде институција во која граѓаните имаат голема доверба и една од трите најтранспарентни институции на извршната власт.